+389 2 3092 958 лок. 103, 105, 109 SALES@APOLLO.COM.MK

За нас


Компанијата АПОЛО ДООЕЛ е основана 1999 г. Во изминатите 20 години израснавме во една од најпрепознатливите компании на македонскиот пазар за увоз и дистрибуција на сите видови потрошни принтерски материјали (тонери, кертриџи, барабани, рибони) и резервни делови за принтери. Започнавме со компатибилни производи за сите брендови на принтери и фотокопири, за неколку години подоцна во нашето портфолио да ги воведеме и оригиналните потрошни материјали. Потоа нашата палета на производи кои ги увезуваме и дистрибуираме ја збогативме со материјали за рециклирање на потрошените тонери (прашок, чипови, барабани и др.) и резервни делови. Последните неколку години започнавме со сопствен увоз на принтери и друга ИТ опрема од реномирани европски дистрибутери. Со текот на годините воведовме и услуги на сервисирање и изнајмување на принтери, за конечно да ја заокруживме нашата понуда со понуда на интегрирани решенија за печатење. Денес Аполо брои 16 вработени, организирани во секторите продажба, набавка, администрација, сервис и логистика.

Водејќи сметка за постојано унапредување на нашето работење стекнавме меѓународни сертификати ISO 9001:2015 систем за управување со квалитет,  ISO 14001:2015 систем за управување со животната средина, како и со ISO 45001:2018 систем за управување со безбедноста и здравјето при работа.
МИСИЈА

Компанијата Аполо се етаблира како препознатлив бренд на македонскиот пазар во полето за дистрибуција на принтерски потрошни материјали со понуда која ќе Ви овозможи најголем избор на оригинални и компатибилни тонери, кертриџи, рибони, резервни делови, материјали за рециклирање и сл.
Преку разбирање на потребите на секој клиент сакаме да понудиме производи и услуги кои на најдобар начин ќе ги задоволат индивидуалните потреби притоа овозможувајќи висок квалитет на печатење по прифатливи и конкурентни цени.


КОГА ВИ ТРЕБА ТОНЕР, ПОВЕЛЕТЕ ВО АПОЛО!

ВИЗИЈА

Со голема и разновидна понуда, со постојан лагер, со ширење на мрежата на наши добавувачи сакаме да ја задржиме и зацврстиме нашата позиција и реноме на лидер и доверлив партнер на македонскиот пазар на сите наши сегашни и идни клиенти, на кои ќе им понудиме стабилност, предвидливост и квалитет придружени со брзи, навремени, ефикасни испораки, услуги и решенија кои ќе придонесат во квалитетно извршување на нивните дејности.

ИСТОРИЈА

Компанијата е основана во 1999 г. со основна дејност продажба на принтерски потрошни материјали. Дејноста ја започнува со еден вработен. По две години, компанијата започнува со увоз на компатибилни тонери и кертриџи најнапред од соседните земји. Во 2006 г. пристигнува првиот контејнер од Кина со брендот Анпол. Со текот на годините понудата се збогатува со сродни производи како материјали за рециклирање, резервни делови, оригинални потрошни материјали. Во меѓувреме компанијата се изложува на скопскиот саем ИНФОКОМ, настапува на бројни тендери во земјата, се сертифицира преку системот ТУВ Австрија, ја проширува мрежата добавувачи, врши извоз во соседните земји. Следејќи ги потребите на потрошувачите компанијата започнува сервис и изнајмување на принтери, а своето портфолио го заокружува со увоз и дистрибуција на принтери и друга периферна ИТ опрема.

Стандарди на работење

Од самиот почеток на нашето работење, паралелно со грижата за врвен квалитет на прозиводите што ги дистрибуираме, водевме сметка процесите на нашето работење да ги усогласиме со меѓународните стандарди на работење.

Во 2019 година Аполо преку реномираниот TUV NORD се здоби со 3 сертификати и тоа:


FREE live chat software