No.1 за тонери во МК
+389 2 3092 958 лок. 103, 105, 109 SALES@APOLLO.COM.MK НАЈАВА

Информации за испорака



По направената нарачка, ќе добиете меил за потврда на истата. Само доколку има проблем со достапноста на производите, или се работи за производи на барање, нашиот оператор ќе Ве исконтактира веднаш или најдоцна во рок од еден до два работни дена. Доколку нарачката е направена во петок после 12ч., викенд или за време на празници, операторот ќе стапи во контакт со Вас во следен прв работен ден.

Превземањето на пратките се врши од магацинот на Аполо, секој работен ден, согласно работното време на Аполо.

Овластените партнери на Аполо од град Скопје сами ги подигнуваат пратките. Доколку не се во можност да извршат самостојно подигнување на пратката, го известуваат Аполо за курирската служба која ќе ја превземе пратката, при што цената на испораката ја плаќаат самите при превземање на пратката. Доколку нарачката надминува 30.000,00 денари испораката ја превзема Аполо. Испораката за овластените партнери на Аполо надвор од град Скопје се врши со сопствено превземање или со курирска служба. Доколку вредноста на пратката надминува 12.000,00 денари испораката паѓа на товар на Аполо. Исклучок претставуваат нарачки кои содржат хартија (поради големата тежина), како и одредени видови ИТ опрема (поради волуменот или специфичните технички карактеристики). Во такви случаи, Аполо се обврзува да обезбеди најповолна понуда за испорака до овластениот партнер купувач. За испораката да биде успешна потребно е да бидете присутни на адресата посочена за достава. Сите производи се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал овластениот партнер при правењето нарачка. Производите се испорачуваат со гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура. При превземање на производите овластениот партнер е должен да ја провери точната бројка на испорачани производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Доколку има отстапување на испорачаното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, овластениот партнер истата до Аполо треба да ја пријави веднаш. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите. Промените во правилата на испорака ќе бидат јавно објавени на веб страната www.apollo.mk најмалку 3 дена пред да стапат во сила.
FREE live chat software