Колачињата (cookies) претставуваат мали текстуални датотеки (фајлови), кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате на интернет. Овие датотеки можат да бидат прочитани од веб страниците кои ги посетувате и да придонесат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страната. Овие текстуални датотеки можат да се идентификуваат како „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и откако ќе го исклучите интернет пребарувачот, за разлика од привремените кои се бришат кога ќе го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) можат да се користат за повеќе цели, како на пример да се запомнат Вашите активности или преференции, а се со цел да се обезбеди персонализирана и приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже историјата на пребарување на истата.
Компанијата АПОЛО ДООЕЛ е основана 1999 г. Во изминатите 20 години израснавме во една од најпрепознатливите компании на македонскиот пазар за увоз и дистрибуција на сите видови потрошни принтерски материјали (тонери, кертриџи, барабани, рибони) и резервни делови за принтери. Започнавме со компатибилни производи за сите брендови на принтери и фотокопири, за неколку години подоцна во нашето портфолио да ги воведеме и оригиналните потрошни материјали.
Веќе 20 години АПОЛО ДООЕЛ во континуитет е препознатлив бренд и една од најголемите компании во Р. Македонија за увоз и дистрибуција на сите видови принтерски потрошни материјали. Нудиме и богат избор на принтери, скенери, монитори и друга ИТ опрема и галантерија. Преку директен увоз од повеќе реномирани европски дистрибутери и кинески производители овозможуваме богата, разновидна и конкурентна понуда на повеќе групи производи.
Како надополнување на богатата палета на производи нудиме и повеќе типови на услуги и тоа сервис на принтери и тонери, изнајмување на принтери, комплетен know-how за избор на модел на принтер и оптимизација на трошоците за печатење, оn-line продажба за овластени дистрибутери преку овој сајт, додека за крајните потрошувачи оn-line продажбата е овозможена преку нашиот сајт Мојтонер.мк.