No.1 за тонери во МК
+389 2 3092 958 лок. 103, 105, 109 SALES@APOLLO.COM.MK НАЈАВА

Услови на користење



Почитувани Партнери,

Аполо ДООЕЛ  додeлува корисничко име и лозинка на овластени партнери со кои има долгогодишна и континуирана соработка. Доколку го читате овој текст Вие сте еден од овластените партнери на Аполо! Ви честитаме!

Пред да започнете со користењето на услугите на www.apollo.mk, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како овластен партнер при користењето на нашите услуги и затоа Ве молиме внимателно да ги прочитате истакнатите Услови за користење.

Со користењето на нашата страница www.apollo.mk и услугите на веб продажбата на АПОЛО ДООЕЛ, значи дека сте согласни и запознaени со нашите Услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови на користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, ниту услугите понудени на истата.

1. Политика за Приватност

Со цел да се овозможи користење на услугата за веб нарачки преку е-продавницата www.apollo.mk, неопходно е АПОЛО ДООЕЛ да прибира и да обработува одредени податоци за Вашата компанија.  Конкретно, потребни ни се називот и адресата на Вашата компанија, потоа Вашиот матичен и даночен број, e-mail адреса, телефонски број, како и името на лице за контакт, името на лицето овластено за правење нарачки, како и името на овластеното лице (управителот). Овие информации ги давате во моментот на доставување на барање за корисничко име и лозинка за привилегиран пристап на овластени партнери. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете наведените податоци за Вашата компанија, за тие да бидат обработувани од страна на АПОЛО ДООЕЛ за процесирање на нарачката, изработка на испратница, фактура и соодветни финансиски, транспортни и други документи.

Вашите податоци ќе се користат исклучиво со цел да можеме навремено и точно да ја процесираме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените артикли и цената на услугата согласно договорените услови. Дополнително, со Ваша согласност, Вашите податоци ќе се користат за да Ве информираме за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб-страница, како и АПОЛО ДООЕЛ воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.

АПОЛО ДООЕЛ ќе ги користи сите собрани податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Исто така, податоците ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Покрај тоа, доколку претходно сте дале согласност, можете да побарате повеќе да не Ви се испраќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш овластен партнер на нашата е- продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република С. Македонија.

За сите барања и додатни информации Ве молиме обратете се на sales@apollo.com.mk или на 02/3092-995 и 02/3092-958.

Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, АПОЛО ДООЕЛ да ги собира и обработува податоци на Вашата компанија за целите и на начинот опишан во овие Услови на користење.

2. Гаранции и одговорности

АПОЛО ДООЕЛ со ЕДБ 4030999366091 ја управува страницата
www.apollo.mk од своето седиште на ул. Никола Парапунов бр. 27/3-5 1000 Скопје. На овој начин, АПОЛО ДООЕЛ гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република С. Македонија. Од друга страна, АПОЛО ДООЕЛ не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република С. Македонија, тоа го правите свесни за последиците и со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.

Дополнително, АПОЛО ДООЕЛ не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. АПОЛО ДООЕЛ не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа АПОЛО ДООЕЛ не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страна кои водат до други страни, тоа го правите на сопствен ризик.

АПОЛО ДООЕЛ нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб-сајт. Сепак, АПОЛО ДООЕЛ има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку смета дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи. АПОЛО ДООЕЛ не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на веб-сајтот, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика С. Македонија.

3. Испорака

Условите за испорака ќе ги видите во делот Информации за испорака.

4. Право на враќање и рекламација

При прием на пратката должни сте веднаш да ја прегледате и извршите квантитативен и квалитативен преглед со цел да утврдите дали испорачаните производи во целост одговараат на Вашата нарачка, односно фактура.

Доколку доставените производи во целост не одговараат на нарачаните во однос на описот, шифрата, количината или од други причини отстапуваат од нарачката, тогаш Вие имате право несоодветниот производ (производи) да го вратите или да побарате замена во рок од 7 дена од денот на продажбата.

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме за тоа да нè информирате веднаш или најдоцна за 24 ч. на sales@apollo.com.mk или на 02/3092-995  од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права.

Ако АПОЛО ДООЕЛ нема ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да ги вратите несоодветните производи на товар на АПОЛО ДООЕЛ, а ние се обврзуваме соодветниот производ да го испратиме на наш товар. Доколку сте платиле авансно, АПОЛО ДООЕЛ  се обврзува да ги врати парите на Вашата жиро сметка во рок од 48ч. од приемот на вратените производи. Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка од која сте извршиле уплата.

5. Промена на Политиката за приватност и Условите за користење

АПОЛО ДООЕЛ го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите за користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени, а со оглед на тоа дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале. Бидејќи пристапот до е-продавницата на АПОЛО ДООЕЛ е привилегија, во случај на несоодветна употреба на истата, АПОЛО ДООЕЛ го задржува правото без образложение и по свое наоѓање да го укине правото за пристап на партнери кои не го користат или ја злоупотребуваат е-продавницата на АПОЛО ДООЕЛ.  

Овие Услови за користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република С. Македонија.

6. Политика за заштита на доверливите податоци и информации

АПОЛО ДООЕЛ ги превзема сите потребни мерки за заштита на Вашите податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување.

7. Политика и услови на доставување на производ и услуга

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку избраната курирска пошта на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на страницата
www.apollo.mk. Плаќањето на производите може да биде со фактура согласно договорените услови, со профактура, со кредитна/дебитна картичка на ПОС терминалот на Аполо, или во готово до висина до 6000 денари при преземањето.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

FREE live chat software